Македонија
16. March 2017 - 13:44

Ограбена спортска обложувалница на „Партизанска“, украден богат плен

Вчера во 18.35 часот во Скопје, во спортската обложувалница на бул. „Партизански одреди“ непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработените.
 
Сторителот со закана со пиштол одзел околу 200.000 денари, по што побегнал во непознат правец.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.