Македонија
13. February 2018 - 12:55

Ограбена продавница за бела техника, штетата огромна - ова е пленот на крадците

Ограбена продавница за бела техника во скопската населба Ѓорче Петров, штетата огромна. Според информациите на МВР, во периодот од 15.00 часот неделата  до 04:30 часот во саботата  непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за техничка стока на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје. Сторителот со парче бетон го скршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и одзел 21 лап топ компјутери, по што побегнал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 900.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.