Македонија
15. October 2021 - 17:11

Ограбена пошта во скопско Миладиновци - украден сеф со 84.000 денари

Вчера во 08.40 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во објект на АД „Пошта на Македонија“ во с.Миладиновци и бил одземен сеф во кој имало 84.000 денари и писма, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.