Македонија
24. December 2016 - 12:54

Ограбена обложувалница во Скопје

На 23.12.2016 година околу 21,30 часот во Скопје, на ул.„Тале Христов“ поточно во спортска обложувалница „Спорт Лајф“ од страна на непознато лице со закана со огнено оружје пиштол од вработениот одзел засега неутврдена сума на пари, по што напуштил местото на настанот. Се работи на пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.