Македонија
24. April 2017 - 14:47

Ограбена обложувалница во Скопје, разбојникот побегнал со богат плен

Непознат маскиран сторител синоќа околу 21:00 часот извршил разбојништво над вработен во спортска обложувалница на ул. „Петар Манџуков“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, сторителот со закана со пиштол од вработениот одзел 46.670 денари, по што побегнал во непознат правец. 

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.