Македонија
5. March 2018 - 13:50

Ограбена обложувалница во населба Ченто

Три непознати лица доцна синоќа ограбиле обложувалница на улицата „Јужноморавски бригади“ во скопската населба Ченто.

Според МВР, немилиот настан се случил во еден часот по полноќ, откако разбојниците кои биле маскирани, со закана со пиштол од вработените одзеле засега се уште неутврдена сума пари по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.