Македонија
22. May 2017 - 14:11

Ограбена обложувалница на Партизанска

Околу 3.500 денари одзел синоќа непознат сторител од спортската обложувалница „Спорт Лајф“ на булеварот „Партизански Одреди“, соопшти МВР.

Настанот е пријавен во 22:31 часот, телефонски. Како што било посочено, разбојникот најпрво му се заканил на вработениот со пиштол, а потоа ја извршил кражбата и избегал во правец на Нерези.

Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.