Македонија
4. January 2017 - 14:13

Ограбена куќа во ресенско, крадецот побегнал со богат плен

Во период од 20 дена, заклучно со 02.01.2017 година, непознат сторител извршил тешка кражба во семејна куќа во с.Лавци, ресенско.

Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и одзел 45.000 дански круни и македонски пасош и банкарска книшка на име на Е.Ш. После тоа сторителот побегнал во непознат правец. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.