Македонија
6. February 2018 - 16:36

Ограбена филијала на Шпаркасе банка во Кичево, приведено едно лице

Во Кичево денеска е ограбена филијала на Шпаркасе банка, лоцирана на главниот булевар на 50 метри од центарот на градот. 

Полицијата приведе едно лице за кое се смета дека е поврзано со грабежот што се случи попладне околу 14 часот во филијала на „Шпаркасе банка“ во Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

При претрес на приведениот е  пронајдена одредена сума  пари, рече Димоски.

Ова е втор грабеж на филијалата на „Шпаркасе“ во Кичево за неколку недели.