Македонија
22. October 2015 - 12:35

Ограбена е бензинската „Дет Оил“ во кумановската населба Вера Которка

На 22.10.2015 година околу 03,40 часот, ограбена е бензинската станица „Дет Оил“ во кумановската населба Вера Которка –Доброшане.  

Како што денеска соопшти МВР, две непознати маскирани лица со закана со огнено оружје и нож извршиле разбојништво над еден вработен одземајќи сума на пари од околу 10.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.