Македонија
7. October 2015 - 19:33

Ограбена црквата „Свети Илија“ во струшко Радожда

Предмети од резба и црковна опрема се украдени од црквата „Свети Илија“ во струшкото село Радожда.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски го потврди случајот посочувајќи дека според првичните сознанија парите не биле цел на грабежот.

- Според првичните информции пари не се земани. Украдени се предмети од резба, црковни царевни двери и други црковни предмети, изјави Димоски.

Вратата од црквата, како што појасни Димоски, насилно била скршена.

Полицијата врши увид и презема мерки за откривање на сторителите, а повеќе детали се најавуваат за утре.