Македонија
15. October 2015 - 12:01

Ограбена бензиската пумпа во Скопје

Три непознати лица маскирани и вооружени со огнено оружје, синоќа околу 23:00 часот, извршиле разбојништво на бензиска пумпа „Супер-оил“ на ул.„Александар Урдарески“ во Скопје.

Како што информира полицијата, маскираните лица со закана од двајца вработени одзеле околу 6.000 денари и два мобилни телефони, по што го напуштиле местото на настанот.

Увид извршила екипа од СВР-Скопје, која работи на целосно расчистување на случајот.