Македонија
30. October 2015 - 14:22

Ограбена бензинската на „Макпетрол“ во Козле

Две непознати лица со закана со пиштол ноќеска околу 01:10 часот извршиле разбојништво над вработените во бензинската пумпа на АД „Макпетрол“, лоцирана на улицата „Козле“ во Скопје. 

Како што информира МВР, при разбојништвото се слушнал и еден звук од истрел, по што вработените им ги дале парите од прометот.

Извршен е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.