Македонија
21. јуни 2017 - 14:18

Ограбена бензинска пумпа во Ченто, разбојникот побегнал

Рано утрово во 05.00 часот на бензиска пумпа во населба Ченто - Скопје непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработените.
 
Сторителот со закана со пиштол од двајца вработени одзел околу 80.000 денари од дневниот промет и побегнал во непознат правец.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.