Македонија
9. February 2018 - 13:29

Ограбена банка во Маџари

Непознато лице, маскирано и вооружено со пиштол, со закана од вработените денеска одзело околу 100.000 денари и 1.500 евра во филијала на „Стопанска банка“ на улицата „Благоја Стефковски“. 

Како што се наведува во дневниот Билтен на МВР, случајот во полиција бил пријавен во денеска во 8:50 часот. 

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.