Македонија
28. August 2017 - 13:08

Ограбена Астра во Скопје, крадецот изнел 630.000 денари

Маскирано вооружено лице вчера го ограбило казиното „Астра клуб“ во Скопје, при што од сефот одзел околу 630.000 денари и од пултот засега неутврдена сума на пари. 

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 5:50 часот во казиното „Астра клуб“ на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, маскирано лице вооружено со огнено оружје извршило разбојништво, при што од сефот одзел околу 630.000 денари и од пултот засега неутврдена сума на пари. 

Сторителот, како што информираат од полицијата, влегол во казиното и физички го нападнал вработениот во обезбедувањето, удирајќи го со пиштолот, кој паднал на подот. Потоа го вперил пиштолот кон двете вработени и ги натерал да го отворат сефот, од каде ги одзел парите, а потоа ги зел и парите од пултот, по што го напуштил местото на настанот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот, како и целосно расчистување на случајот.