Македонија
23. February 2018 - 14:00

Ограбена аптека во Битола

Ограбена аптека во Битола, крадецот украл пари и мобилен телефон. Како што информираат од полицијата, вчера во 20 часот во СВР-Битола било пријавено дека на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола во аптека непознато лице со закана од пиштол од вработените одзел околу 10.000 денари и мобилен телефон по што го напуштил местото на настанот. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.