Македонија
29. October 2021 - 12:19

Ограбен угостителски објект во Куманово

Кумановец пријавил во полицијата дека угостителски објект бил ограбен, одземени биле пари и компјутер, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера  во 08:38 часот во СВР Куманово, М.С.(41) пријавил дека во угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ било влезено со употреба на сила и биле одземени пари и компјутер-соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.