Македонија
21. September 2016 - 13:32

Ограбен средношколец во Скопје, остана без спортска опрема и 150 евра

Вчера  околу 13,50 часот во Скопје на ул.„Томе Тошиќ“ од страна на три непознати лица со употреба на физичка сила и тврд предмет извршиле разбојништво врз 17 годишен малолетник удирајќи го во пределот на главата, при што му одзеле школски ранец во кој имало спортска опрема и 150 евра.
 
Се презмаат мерки за целосно расчистување на настанот.