Македонија
20. August 2018 - 9:56

Ограбен скопјанец, двајца разбојници му одзеле се што носел

Вчера околу 21,50 часот во Скопје на булевар „Крсте Мисирков“ од страна на две непознати лица со употреба на физичка сила извршено е разбојништво над С.С.(49) од Скопје, при што му е одземена чанта во која имал мобилен телефон, паричник и документи. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.