Македонија
10. January 2017 - 13:04

Ограбен маркетот „Стокомак“ на Буњаковец

Вчера во 20,42 часот во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ поточно во маркет „Стокомак 21“, непознат сторител вооружен со пиштол и маскиран со плетена црна маска, извршил разбојништво и од вработените одзел околу 27.000 денари, а потоа го напуштил местото на настанот.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.