Македонија
28. January 2018 - 10:59

Ограбен маркет во Скопје

Вчера во 21.00 часот во Скопје, вработена пријавила дека во маркет лоциран на ул.Скупи, додека била на една од касите со нејзина колешка, дошле две машки лица вооружени со пиштоли. Тие ги земале парите од дневниот промет и заминале од лице место.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.