Свет
26. December 2017 - 9:18

Огнометот се претвори во хорор: На славниот карневал повредени 22 лица, меѓу нив има и деца

При експлозија на огномет за време на популарниот кубански карневал Парандас повредени се 39 лица, меѓу кои има шест деца на возраст од 11 до 15 години.

- Несреќниот случај со огнометот се случи синоќа во градот Ремедиос, соопштија локалните власти.

Меѓу повредените има и лица кои се наоѓаат во критична состојба.

Истрагата е во тек со цел да се открие причината за инцидентот.