Живот
16. April 2018 - 8:46

„Огнена“ венчавка за паметење во Дубровник: Сватовите палеле ракети и гуми, интервенирала противпожарна единица

Вчера во Дубровник се  на свадба, сватовите им отвориле работа и на пожарникарите. Имено, ситуацијата излегла од контрола бидејќи сватовите застанале на една улица и палеле гуми, а потоа почнале да палат и ракети.

Противпожарната единица на Дубровник добила повици од граѓани кои стравувале од пожар кога виделе огромен чад на својата улица, и излегле на терен.


Како што јави „Дубровачки дневник“ Dubrovački Dnevnik, немало потреба за интервенција, а сватовите набргу потоа го напуштиле тоа подрачје.