Балкан
22. May 2018 - 14:08

Огнена стихија проголта се - целосно изгоре позната телевизија

Пожар од големи размери ги зафати утринава просториите на Радио Телевизија Плјевља која се наоѓа на последниот спрат од зградата.
 
Во пожарот целосно изгореа просториите на телевизија, сите простории каде е сместено студиото, опремата и канцелариите. Густиот чад е видлив од сите делови на градот.
 
Пожарникарите со повеќе возила се обидуваат да го локализираат пожарот и да го спречат неговото ширење во соседната зграда во која е сместен Фондот за здравствено осигурување.