Бизнис
8. January 2018 - 19:54

Огласот за Фени е транспарентен, објаснува стечајниот управник по шпекулациите дека се мести за одредена фирма

Огласот со кој се бара инвеститор  кој ќе стопанисува со Фени додека е во стечај е транспарентен. Улсовите кој ги содржи се прифатливи за голем број светски компании кои се занимаваат со  бизнис од ваков тип, тврди стејачниот управник Мирослав Анастасиевски откако во јавноста излегоа шпекулациите дека се фаворизира швајцарскиот фонд ФОС АСЕТ и дека условите во огласот целосно ги исполнува  оваа  компанија.

Одговорно тврдиме дека условите кои се поставени во огласот во моментов можат да ги исполнат сите светски конзорциуми кои работат во бизнисот за преработка на никелова руда. Упатуваме апел до медиумите во Македонија да не влегуваат во шпекулативни стории кои го нарушуваат угледот на државата и се во спротивност на интересите на вработените, Комбинатот и македонската економија.

Единствен интерес на тимот на стечајниот управник е задржување на вработените на ФЕНИ ИНДУСТРИ АД во стечај на работа, брзо и ефикасно рестартирање на комбинатот и успешно завршување на обврските од стечајната постапка, се вели во допосот на Анастасиевски.

Во огласот кој беше објавен на 3 јануари се бара инвеститорот да поседува или управува со рудник да има депонирано три милиони евра, да достави гаранција од  минимум 5 милиони евра, но и да има капацитет да  врши авансно плаќање на платите и трошоците на  комбинатот од најмалку 11 милиони евра. Од инвеститор се бара и најмалку 6 месеци со ред  контонуирано да ископува до  100 илјади тони никелова руда.

Иако вицепремиерот Анѓушев неколку пати потенцира дека ако се отвори стечај постапка ќе биде готова најдоцна до февруари , познавачите на оваа проблематика  не очекуваат со оглас за закуп процесот брго да бдие решен и фабриката да добие сопственик.

Откако Фени отиде под стечај интерес пројави само швајцарскиот фонд кој депонираше 3 милиони евра. Огласот за  собирање понуди трае до 11 јануари до кога се очекува и други инвеститори да достават  понуда. Тогаш ќе се одржи и одборот на доверители во кој членуваат банките и фирмите кој имаат побарувања од Фени, а стечајаниот управник треба да се изјасни колку побарувања има, колку се прифатени, а колку одбиени.

Долгот на Фени се проценува на 62 милиони евра – 40 милиони евра кон банките и остатокот кон  фирмите со кој соработувал комбинатот.