Бизнис
11. January 2019 - 22:39

Огласите од транспорт и државни патишта се за продолжување на договорите - опозицијата обвинува, со нив власта купува гласови

Со големиот број на огласи за вработување во државните институции не се трупа администрацијата со партиски кадри, се правдаат надлежните. Директорот Китанов тврди дека огласите за 84 работници во ЈП „Државни патишта“ се поради продолжување на договорите на оние кои работат на определено време.

-Не се работи за никакви нови вработувања. Се работи за патарините и контролниот пункт кај Неготино и правната екстра служба за тековниот проблем со експропријацијата, каде што работеа само двајца правници, вели директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.

Од 40. огласи во Транспорт само дел ќе бидат нови вработувања, а дел се за унапредување на постојниот кадар.

-Таму има 10 унапредувања. Значи не се работи за нови 10 луѓе, туку унапредување во рамки на Министерството. Да, има нови во тие предвидено зашто во изминатиот период од година, година и пол тие места се испразнети по пат на пензионирање. И нормално, потребата која што ја има Министерството за транспорт и врски. Ние не можеме без урбанисти да работиме, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Во Секретаријатот за европски прашања, пак, сите 13 огласи се за нови вработувања.

-Очекувајќи дека во јуни ќе добиеме потврда за датумот за преговори и дека во текот на оваа година ќе ги започнеме преговорите, пред се билатералниот скрининг процес. Ако има институција која треба да се спреми кадровски, тоа е Секретаријатот за европски прашања.

Изминатите денови огласи за работа распишаа и Агенцијата за вработување, МНР, УХМР, ДИК... Царина пак, ќе вработува нови 80 луѓе кои според директорот биле потребни поради зголемениот обем на работа.

Опозицијата веќе обвини дека власта со нови вработувања купува гласови за претстојните претседателски избори. Со овој потег, велат од ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се враќаат иселениците, се прават нови редови за иселување.