Бизнис
22. January 2016 - 19:52

Оглас за субвенции за купување трактори и земјоделска механизација

Државата и годинава ќе ги субвенционира земјоделците да набават трактори и други машини за обработка земјиштето. Во тек е огласот на кој можат да се пријават оние кои одгледуваат житни и индустриски култури. Аплицирањето е електронски како и лани. Ќе им бидат покриени од 50 до 75 отсто од направената инвестиција. На младите земјоделци ќе им се субвенционира 55 % од износот, а на оние во недостапните рурални средини 75 отсто , или најмногу 57 000 евра по корисник.

Оваа мерка е најискористена од земјоделците. Од воведувањето во 2009 набавени се околу 10 000 парчиња опрема. Од платежната агенција потенцираат дека откако е воведено електонското аплицирање уште повеќе се зголемил бројот на апликанти.

Право на учество имаат земјоделците што во текот на годината ќе реализираат производство од 1,5 хектар житни и индустриски култури, како и најмалку 0,5 хектари тутун.  Лани преку мерката беа набавени 500 трактори и 1500 парчиња опрема.

Огласот трае до 20ти февруари.