Бизнис
14. јуни 2016 - 20:21

Оглас за напредни обуки за ит вештини

Шанса за вработуважње добиваат  нови 100  лица кои се без работа. Објавен е нов оглас за обуки за напредни ИТ вештини. Заинтересираните лица на државен трошок ќе можат да поестуваат шест месечна обука, да се стекнат со меѓународен сертификат и полесно да се вработат  во домашна или во странска фирма.  Предност имаат оние кои се подолго време невработен и активните баратели на работа. За мерката државата обезбеди 8 милиони денари.

За да се пријават на огласот лицата треба да се евидентирани три месеци како невработени во Агецицијата за вработување. Да имаат завршено средно, високо,  но може да се и без образование и  да имаат познавање од информатички технологии.

130 лица досега успешно ја имаат поминато обуката. Дел од нив веќе  и се вработиле.

Ова е  една од мерките од оперативниот план за вработување за годинава. 85 отсто од лицата кои ги посетуваат потоа се вработуваат.