Кошарка
13. јуни 2020 - 12:26

Официјално: Петти тим ја претпочита ФИБА пред Евролигата

Француски Лимож и официјално ја напушти Евролигата и од следната сезона клубот се приклучува кон Лигата на шампионите, која е под покровителство на ФИБА.

Така, вкупниот број на клубови кои ја претпочитаа ФИБА пред Евролигата се 5 – Дарушафака, Тофаш, Билбао, Галатасарај и Лимож.

– Ние сме многу задоволни од нашиот ангажман кон кошаркарската Лига на шампиони во текот на следните неколку сезони. Видливоста на среден рок му овозможува на клубот да ја регистрира својата меѓународна иднина преку континуитет и стабилност, рече претседателот на клубот Ив Мартинез.