Официјално отворање на МЕФ 2019
Со воведно обраќање на премиерот Зоран Заев и вршелот на должност амбасадир на САД во Северна Македонија, Микаела Швајцер-Блум денеска во струшкиот хотел Изгрев официјално ќе биде отворена меѓународната конференција за енергетика „Македонски енергетски форум – МЕФ 2019“.
На настанот што ќе се одвива во наредните два дена, чија тема е „Енергетската транзиција во светот преку обновливи извори и енергетска ефикасност“ ќе учествуваат високи претставници од домашни и меѓународни институции, приватни компании, невладини организации и експерти од областа на енергетиката.
Расправата ќе се одвива прекупет панели, а на првиот панел на тема „Енергетска транзиција во светот и регионални предизвици во пристапувањето кон глобалниот тренд“ ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Енергетската заедница Јанез Копач. Модератор ќе биде директорот на Електарни на Северна Македонија (ЕСМ) Драган Миновски, а покрај Анѓушев и Копач ќе говорат и косовскиот и црногорскиот министер за економија, Валдрин Лука и Марко Радуловиќ.
За денеска е предвидено да се одржат уште два панела од кои првиот ќе биде на тема „Жените во енергетиката – можности и предизвици за родова еднаквост“, а вториот „Регионални предизвици во снабдувањето со природен гас“
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО