Бизнис
15. January 2020 - 8:05

Официјално отварање на Инфо-пункт за млади невработени и бизнис сектор во Струмица

 
Во рамки на проектот „Младите – клуч за иднината на
бизнис секторот“  денеска со ТЦ „Глобал“ – Струмица ќе биде отворен Инфо-пунк за млади невработени и бизнис секторот.
 
Инфо-пункт претставува канцеларија во која младите ќе можат да се обратат и да добиваат информации за тоа што го нуди бизнс секторот во Струмица, во делот на вработување, практична работа и волонтерство. Исто така, Инфо пунктот ќе го користат и бизнисмените, кои преку него ќе дојдат до млади кадри за вработување спрема потребите во сопствените бизниси.
 
Инфо пунктот ќе дава и услуги на кариерно советување, профилирање на личноста и помагање во избирање на професија за младите невработени.
 
Проектот „Младите – клуч за иднината на бизнис секторот“ се спроведува во партнерство со Здружението за заштита на бизнис интересите на компаниите во струмичкиот регион, во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
 
Проектот работи во насока на подобрување на положбата на пазарот на трудот на младите невработени лица и лица кои се дел од маргинализирани групи, првично преку детерминирање на компетитивните предности со кои што тие лица располагаат.