Официјално: Ивановиќ се врати во Премиер лигата
Бранислав Ивановиќ официјално се врати во Премиер лигата откако потпиша едногодишен договор со Вест Бромвич Албион. 36-годишниот Србин го напушти Челзи во февруари 2017 година и последните три и пол години ги мина во Русија со Зенит Санкт Петербург.
Ивановиќ станува шестото ново засилување на менаџерот Славен Билиќ ова лето по доаѓањето на Грејди Дианана, Матеус Переира, Седрик Кипре, Дејвид Батон и Калум Робинсон.
– Премиер лигата е најдобрата лига во светот. Подготвен сум за предизвикот. Навистина сум среќен што се вратив во Премиер лигата. Се надевам дека ќе имам успех тука. Имам многу амбиции и сакам да докажам многу работи. Ќе дадам сè за тимот, рече Ивановиќ на својата презентација.
Српскиот дефанзивец помина девет години во Челси помеѓу 2008 и 2017 година, освојувајќи 10 големи трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2012 година. За „сините“ запиша 61 настап во Премиер лигата.
Ивановиќ, кој може да игра како десен бек или централен дефанзивец, беше слободен играч по по 22 јули, кога заврши руската Премиер лига.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд