-->
-->
Официјално: Челси се засили на голманската позиција
-->
Челси официјално објави привлекување на нов голман – Едвард Менди од Рен. Сенегалецот доаѓа на „Стемфорд Бриџ“ поради слабата форма на сегашниот актуелниот носител Кепа Аризабалага, кој прави многу грешки. „Сините“ ќе платат 25 милиони евра, а самиот играч се вврза за клубот за пет сезони.
Менди е осмиот нов играч во Челси ова лето по Хаким Зиеш, Тимо Вернер. Ксавиер Мбујамба, Бен Чилвел, Тиаго Силва, Маланг Сар и Каи Хаверц.
Дваесет и осум-годишниот голман доаѓа по препорака на лондончанската легенда Петер Чех, кој е и спортски директор на клубот. Пред 16 години, Чехот го направи истиот трансфер – од Рен во Челси.
Менди е роден во Франција, но избра да игра за Сенегал, татковината на неговата мајка. Неговиот татко е од Гвинеја-Бисао.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Џафери го закажа гласањето за пописот утре на пладне
-
Заврши рокот за предлози, Царовска е задоволна од реакциите по концепцијата за реформи
-
Бајден ја презеде функцијата како 46 претседател на САД
-
Кои се очекувањата на Американците од новата администрација?
-
Тема на денот: Како ковид пациентите се лекуваат во приватното здравство?
-
СП Ракомет: Македонија надиграна од Словенија
-
Трамп си замина од Белата куќа - Бајден го презема раководството со САД
-
Бајден и Харис - Кои се новите лидери на САД!?