Свет
23. December 2017 - 10:55

Официјални лица: САД го одобрија планот за испорака на оружје на Украина

Владата на САД го одобри планот за испорака на смртоносно оружје на Украина со цел да ја засили украинската армија, која се бори сепаратистите поддржани од Русија, информираат американските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници, кои побарале да останат анонимни.

Новото оружје вклучува американски противтенковски ракети, кои Украина одамна ги сака, за да ја зајакне својата одбрана.

Одлуката веројатно ќе ги влоши тензиите меѓу САД и Русија.

Стејт департментот, кој ги контролира странските воени продажба, не потврди евентуално испраќање на противтенковски проектили или друго оружје, но изјави дека САД одлучиле да обезбедат „засилени одбранбени способности" на Украина, за да и помогнат да изгради армија на долг рок, да го брани својот суверенитет и да „ја попречи понатамошната агресија".

- Помошта на САД има исклучително одбранбен карактер, и како што кажавме, Украина е суверена земја и има право да се брани, изјавија од оддел во Стејт департментот.

Според законот, Стејт департментот мора да го извести Конгресот за планираната воена продажба на странци, а конгресмените можат да ја стопираат продажбата. Не е јасно дали владата официјално го известила Конгресот, но конгресмените тешко дека ќе го блокираат планот, со оглед на тоа што и демократите и републиканците веќе долго време побараа таков чекор.