Официјална Тирана го осуди недоличното однесува на дел од учесниците на прославата на Мечкин Камен
Албанското министерство за Европа и надворешни работи остро ја осуди „употребата на јазикот на омраза и антиалбанските расистички извикувања“ на вчерашното одбележување на Илинден на Мечкин Камен со надеж дека ваквите недолични однесувања ќе останат само изолиран случај.
- Веруваме дека ова е однесување на една мала група луѓе поттикнати од екстремни националистички чувства и се надеваме дека таквите инциденти кои вклучуваат етничка омраза ќе останат изолирани. Министертвото за Европа и надворешни работи на Албанија ги повикува одговорните институции да спроведат истрага против поттикнувачите на насилство и да ги изведе пред лицето на правдата, стои во реакцијата на Министертвото.
Се додава дека Албанија и Албанците се и ќе бидат постојано пријатели на Македонија.
- Ние веруваме во вредностите на соживот, во хармонија и соработка меѓу нашите земји и нашите граѓани, се наведува во реакцијата на Министертвото за Европа и надворешни работи на Албанија.
Ново на Сител
-
Изгоре помошна просторија на куќа во Струмица
-
Лука Салватори го загуби животот на трка во Германија
-
Грчка компанија го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември
-
Осум мигранти загинаа во обид да го преминат Ла Манш
-
Сообраќајка меѓу трактор и автомобил, повредени три лица
-
Запалено возило во Кисела Вода
-
Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот
-
Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала