Официјална Тирана го честиташе добивањето покана за НАТО
Албанскиот претседател Илир Мета и честиташе на Македонија за добиената покана за почеток на пристапните преговори за членство во НАТО.
Притоа, Мета поканата ја оценува како понатамошен катализатор за безбедноста во регионот на Западен Балкан.
Преку социјалната мрежа Твитер, Мета напиша дека Самитот на НАТО ја зајакнал суштинската поврзаност на Алијансата преку ангажирачките одлуки за сите земји.
- Самитот на НАТО во Брисел ја зајакна значајната трансатлантска поврзаност преку поангажирачки одлуки за сите. Ја поздравувам добиената покана за членство на идната Република Северна Македонија, катализатор за поголема безбедност и стабилност во Западен Балкан, напиша Мета.
Добивањето на поканата ја поздрави и премиерот Еди Рама.
- Високо оценувајќи го договорот постигнат меѓу Атина и Скопје, Албанија го поддржува почетокот на процедурите за што побрзо членство во НАТО на Република Северна Македонија, напиша Рама на фејсбук
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите