Oдземени пасошите на Фросина Ременски и Миле Јовановски
На пратеничка Фросина Ременски осомничена во „Рекет“ и е одземен пасошот, има забрана да го напушти Скопје, како и обврска секоја недела да се јавува во Суд. Овие мерки на претпазливост се одредени и за таткото на Боки 13, Миле Јовановски.
– Постапувајќи по предлог на Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за три лица, по претходно доставени покани, лицата во текот на денешниот ден, пред судија на претходна постапка се произнесоа во однос на предлогот.
Ценејќи ги фактите и доказите во предлогот како и исказите на осомничените лица, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените Ф.Т.Р. и М.Ј. им определи мерки согласно член 146 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП односно, забрана зе напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, додека за Х.Б. мерка за претпазливост согласно член 146 ст.1 т.3 – привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, соопшти Основен кривичен суд Скопје.
Против овие решенија, како што велат од Судот, странките имаат право на жалба пред кривичниот
совет.
Ново на Сител
-
Деца од Грција ќе бидат првите посетители во куќата на Дедо Мраз во Кавадарци
-
Македонски автобус се преврте во Србија, има повредени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Да се почитува ставот на Венецијанската Комисија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче изгорел инсулин од 1,5 милион евра
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ветениот поврат на ДДВ заврши како фијаско
-
Гевгелиските пензионери садеа дрвца во детските градинки
-
Следува раст на максималните температури - викенд прогноза
-
Уапсено лице на ,,Деве Баир” со фалсификуван пасош