Одземени над 10 килограми нежигосано злато – акциска контрола во златарници
На 22.09.2022, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за економски криминал и корупција, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршија контроли во повеќе правни лица на подрачјето на Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево, кои се занимаваат со откуп, изработка и продажба на златен накит. При контролата беа одземени повеќе од 10 килограми нежигосани предмети (злато и златен накит) односно констатирано е непочитување на обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и кривични дела определени во Кривичниот законик.
При контрола на осум златарници во Скопје беа пронајдени и одземени околу 661 грам нежигосано злато, во Тетово при контрола на 11 златарници беа пронајдени и одземени 7.399 грама нежигосано злато, во Гостивар при контрола на седум златарници беа пронајдени и одземени 1.690 грама, а во Кичево при контрола на три златарници беа пронајдени и одземени 269 грама нежигосано злато.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи беа констатирани и други неправилности кои се соодветно санкционирани. По целосно документирање на случаите против сопствениците и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората