Македонија
4. December 2018 - 14:57

Одземена муниција и приведени пет лица осомничени за вооружената пресметка изминатиот петок во центарот на Тетово

Пет лица се лишени од слобода и одземено е поголемо количество муниција и друга опрема во активностите за расчистување на случајот со вооружената престрелка изминатиот петок на булеварот Маршал Тито во Тетово, информираа од СВР Тетово.

Според полициските податоци, при претрес на домот и помошните простории на И.М.(34) од Лавце, извршен вчера со судска наредба, биле пронајдени четири рамки со вкупно 114 куршуми калибар 7,62 милиметри, два заштитни панцирни елеци, мобилен телефон и пластифицирана налепница со натпис на агенција за обезбедување.

Се што било пронајдено е фотодокументирано и одземено за вештачење, а И.М. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.

Покрај И.М. вчера поради сомнение за вмешаност во истиот вооружен инцидентот од  петокот биле  лишени од слобода и Б.И.( 35 ), Е.М.(38 ),Х.К.(41 ) и Н.М.(34 ), четворицата од Тетово.