Спорт плус
25. January 2017 - 15:54

Одземен златен медал на Усеин Болт од Олимписките игри!

Најбрзиот човек на светот, Усеин Болт остана без едно од своите 9 олимписки злата. Болт остана без златото од штафета 4X100 од Олимписките игри во Пекинг, откако еден од неговите тимски колеги бил позитивен на допинг тест.

Кај Неста Картер во новите анализи на урина и крв била пронајдена забранета супстанца која резултирала со поништување на резултатите од победата на Јамајка во штафета во која беше и Болт.