Македонија
2. November 2020 - 16:42

Одземен пасошот на сопственикот на фризерницата кој доби европски пари

Разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми Лидија Димова, во среда ќе дознае дали ќе остане без пасош. Таа заедно со уште двајца осомничени се повикани задутре на распит во кривичниот суд. Обвинителството бара од судијата на претходна постапка да им ги одземе патните исправи со обврска и еднаш неделно да се пријавуваат во судот. Овие мерки за претпазливост веќе важат за еден од осомничените.

„Прв пред судија на претходна постапка денеска седна сопственикот на фризерницата Зоран Златковски. Според истрагата, во претходните три години неговата фирма ВЕЗ трејд добила 270 илјади евра од Националната агенција за европски образовни програми.“

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска за Сител вели дека денеска од Финансовата полиција го добиле предметот по што ќе почне и предистрагата која треба да ги открие злоупотребите на пари од агенцијата за европски обрзовни програми.

„Надлежниот обвинител ја анализира документацијата пристигната во прилог на кривичната пријава по што ќе донесе одлука за понатамошниот тек на постапката, како и за потребата дали и кои лица треба да бидат повикани да дадат исказ во насока на расветлување на случајот“, велат од обвинителството.

Минатата недела финансова поднесе кривична пријава против Димова и уште три лица поради сомнеж за злоупотреба на положбата.

Осомничени се дека предизвикале штета од над 400 илјади евра.

Според кривичната на финансова полиција, осомничени се дека сториле измама на штета на средства од европската заедница.

Истрагата открила дека Димова како прв човек на агенцијата за европски образовни програми во соработка со благајникот на агенцијата и надворешен соработник, овозможиле сопственик на фризерница да добие неколку грантови за едукација на наставен кадар иако тоа било во спротивност со критериумите за искористување на европски пари.

Освен овој случај, во јавноста излегоа информации дека Агенцијата за европски образовни програми финансирала и проект за тренирање магариња.