Македонија
1. December 2017 - 16:15

Одземен имунитетот на шестмина пратеници - судот ќе одлучува за притвор

Шестмината пратеници од колицијата на ВМРО-ДПМНЕ осомничени за насилствата во Собранието од 27 април остана без имунитет. Собранието со 67 и 66 гласови „за“ и ниту еден против или воздржан ги прифатија барањата на Судот да се одобри мерката притвор на Крсто Муковски, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љубен Аранудов и Љупчо Димовски.

Имунитетот на народните избраници беше симнат на кратка седница на која не присуствувааше ниту еден пратеник до колаицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а  говреа само двајца пратеници – Томислав ТУнтев од СДСМ и Артан груби од ДУИ.

За Груби ваквиот исчекор бил битен и за евро-атланската перспектива на државата.

Пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ пак, се огласи со соопштение. За народните избраници на на опозциската партија ова е чин на политички реваншизам и хајка против неистомислениците. Ова како што пишува во соопштенито е обид на СДСМ да добие апсолутна власт без опозција која рамзислува ралзично од власта.

„ВМРО-ДПМНЕ ги разгледува сите возможни опции за да се спротистави на ова безумие и да се стави во заштита на луѓето кои неправедно се дел од политички монитрани процеси без разлика дали тоа се пратеници, официјални лица или обични граѓани, чии единствен грев е што се дрзнале врз основа на својата совест и убедување да се спротистават на политиките на СДСМ.  Овој политички прогон мора да запре.“

Неофицијално опозициката партија е во тивок бојкот на парламентот.  Комисијата за финасирање и буџет која ја предводи Љиљана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ постоајно ја закажува и ја откажува седницата на која е почнато разгледувањето на буџетот за 2018 година. Поради ова во текот на денешниот ден Талат Џафери веројатно ќе постави нов претседавач со ова собраниско тело, а расправат ќе треба да заврши до 4 декември.

Веднаш по завршувањето на  седницата  Талат Џафери ги потпишал одлуките за симнување на имунитетот и ги испратил до Судот. Пратениците со симнат имунитет и понатаму остануваат народни избраници. Нивниот мандат може да биде одземен само доколку  правосилно бидат осудени.