Македонија
30. September 2016 - 17:38

Одземање на лиценцата за работа на ЗАМП до понеделник бараат сите медиуми, хотели и ресторани од Македонија

Одземање на дозволата за работа на ЗАМП од страна на министерството за култура бараат сите корисници кои емитуваат македонска музика во етерот. Ниту една од петте национални телевизии, кабелски оператори и радија не ги оспорува авторските права и авторите кои треба да бидат соодветно платени за нивниот труд кој се презентира. Но сметаат дека однесувањето на ЗАМП е неприфатливо, и вклучените во него ја искористуваат монополската позиција што ја имаат за да наметнат енормно високи суми за авторски права на музичарите. Посочуваат дека здружението не дава никаква отчетност и нема транспарентност за тоа како парите се распределуваат на авторите и дали тие добиваат соодветен надоместок. ЗАМП ја воведе забраната веднаш по формирањето на конкурентското здружение СОКОМ МАП и постојано врши притисок врз министерството да ја кочи неговата работа.

- Најчудно во целиот овој процес е што во рок од 9 месеци ЗАМП донесе 2 забрани. Да забраните музика поради тоа што ви се појавила конкуренција, тоа е исто како некоја од нашите национални телевизии да каже “ Ние повеќе нема да емитуваме додека не ги угасите другите 4 национални телевизии”. Дали имаат бизнис и човечка логика како и сенс за тоа што го зборуваат? Малку им е тоа па се закануваат со забрана на пријателските здруженија од регионот. Јас не можам да разберам дали некаде во Европа се случува вакво нешто по било која основа.

Од ММА посочија дека компјутерскиот систем за евиденција кој ЗАМП законски требало да го инсталира во сите телевизии не функционира повеќе од една година. Односно тие и понатаму не знаат како средствата се распределуваат на авторите како и кој автор е најмногу емитуван и каде одат нивните пари.

- Мора да постои методологија и регулаторна извесност. Според тоа што го сподели ерменската претседателка на вакво здружение секогаш кога нов субјект ќе влезе на пазарот, таа презентира како, зошто се плаќаат тие надоместоци, како се плаќаат каде одат парите и ја презентира методологијата како се формираат. Ако ние тоа го имаме  немаме аргументи, секој од нас ќе ја направи математиката и ќе си ја планира трошковната структура.

Од 20ти септември ЗАМП одлучи да забрани емитување на македонска музика на радиостаниците и телевизиите. Голем број на автори своето незадоволство од работењето на Здружението на граѓани наречено ЗАМП го изразија со формирањето на нова организација Сојуз на композитори на Македонија СОКОМ МАП.