Ракомет
18. January 2018 - 12:15

Одушевија „Германците“ во нашиот тим

И во македонскиот национален тим играат „Германци“ и тоа Талески кој настапува во Рајн Некар , потоа  Миркуловски  од Вецлар и порано Дејан Манасков настапуваше во Вецлар и Рајн Некар, значи во Бундес лигата во силни германски екипи. Затоа задоволството од играта на овие играчи навистина е огромно, се докажаа против најдобрите играчи од најсилната европска лига. 

Дејан Манасков, кој постигна пет гола,  изјави дека е пресреќен од освоениот бод со Германија во денешното дерби (25-25) за прво место во групата Ц на ЕП во Хрватска.
 
„Луѓе, супер е, прво место сме во групата. Пресреќни сме. Рековме и пред мечот, Кире го кажа тоа, ако некој ни даде бод, со две раце ќе потпишеме. Презадоволни сме со овој бод. Сега со три бода одиме во следната фаза, па што биде – нека биде таму! Борко беше одличен денеска, одбраната… Сите бевме одлични. Мислам дека ова е заслужено. Одиме понатаму, во Вараждин да ги радуваме нашите навивачи“, изјави Манасков.
 
„Имав два пеха кои ми се случија во минатото против Гермнаија, па, за среќа, денеска беше подобро и мислам дека ова е еден одличен резултат. Се боревме машки и до крај 60 минути издржавме против една гранитна одбрана каква што имаат Германците и со добар Волф на голот во првиот дел“, додаде Манасков.