Одржана десеттата јубилејна манфестација „Најдобра мавровско-реканска пита“
Во рамките на манифестацијата „Летен културен бран 2017“, што ја организира Општина Маврово и Ростуше , во преубавото долнореканско село Јанче се одржа десеттиот, јубилеен избор на „Најдобра мавровско-реканска пита“.
Во конкуренција за избор беа 30 пити, а вредните раце на реканките имаа подготвено уште толку за дегустација. На изборот му претходеше и подготовка на пита пред посетителите од еко ресторанот „Туто“ во ова село, кој беше домаќин.
Стручната комисија првата награда одлучи да и ја додели на Емина Сулоска од село Јанче, втората на Лела Сејдиу од Ростуше додека трета на Амиетка Имери исто така од Ростуше. Локалната власт за сите нив обезбеди награди, микро печка, соковник и за третото наградената сет тенџерија.
Манифестацијата ја отвори Градоначалникот Мукрем Мехмеди, кој нагласи дека оваа активност има за цел промовирање на традиционаланите мавровско рекански јадења, посебно питите, како дел од напорите за развој на туризмот во овој еден од најубавте краеви во државава.
-Милувам да кажам дека Бог не дарувал со многу природни богатства и убавини, а вредните раце на мајсторите оставиле многу културно историски споменици од непроценлива вредност, кој секој намерен или случаен патник ако еднаш ги видел посакува повторно да го стори тоа. И ова денес е дело на вредните раце на жените од нашот регион, што го научиле од нивните мајки и баби. Ваките манифестации ќе ги продолжиме со целосна помош од наша страна, порача Мехмеди.
Во рамките на оваа активност голем број туристи од земјава и странство го посетија и водопадот ДУФ, а не изостана и македонското оро со познатите дебарски зурли и тапани.
Манифестација со голем интерес ја проследија и голем број печалбари од реканскиот регион кои главно работаат во Италија, Германија и Швајцарија, а кои моментно се на одмор во родниот крај.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца