Одржан последниот состанок на Националниот инвестициски комитет за годинава
Разгледување на секторските проектни листи од секторите транспорт, животна средина, енергетика и социјала беа тема на вториот и последен состанок за оваа година на Националниот инвестициски комитет (НИК) што денеска го одржа Секретаријатот за европски прашања.
На состанокот свое обраќање имаа вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, евроамбасадорот Аиво Орав и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, а присутни беа и амбасадорите на ЕУ, високи претставници од меѓународните финансиски институции, билатерлните партнери и донаторската заедница со постојана мисија во Република Македонија.
Во своето обраќање, информираат од СЕП, вицепремиерот Бесими зборуваше за значењето на Секторските проектни листи кои се од клучна важност во координирањето на странската помош и националниот буџет на Република Макеоднија во однос на проектите што се однесуваат на енергетско и транспортно поврзување на земјите од Западен Балкан и ЕУ.
Тој истакна дека четирите работни групи, транпсорт, социјала, енергетика и животна средина во изминатиот период имаат вложено голем труд се со цел да се дојде до консолидирана листа на инфраструктурни проекти.
На овој начин, истакна Бесими ќе се обезбеди понатамошна ефикасна координација на развојните политики, преку подобро планирање и подобра алокација на средствата за транспортна инфраструктура и енергетска поврзаност.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите