Одрони на патот од Тетово до месноста Бањиче
Граѓаните алармираат дека веќе неколку недели има потенцијална опасност по луѓето и возилата од паѓањето на земјата, камења и карпи долж патот и патеката за рекреација од Тетово кон месноста Бањиче. Наноси од земја, разни големини на камења и делови од карпи периодично паѓаат, појава што е карактеристична за овој предел особено во есенските и зимските месеци.
Одроните се забележителни на повеќе места долж патот, а кај хидроцентралата според поставената табла од октомври се почнати градежни работи за стабилизација на свлечиште.
Од Општина Тетово информираат дека поради дестабилизиција на земјиштето градежните работи кај хидроцентралата се времено стопирани.
-Во врска со изведбата на работи за „Санација и стабилизација на свлечиште ЛОТ 3 во ХЕЦ Пена, Општина Тетово“, на планината се појавени пукнатини и земјиштето моментално е дестабилизирано. Дестабилизацијата, односно пукнатините на косините се појавени и на места каде изведувачот воопшто нема започнато со работа. Бидејќи сè уште не е безбедно за работа, активностите на терен се прекинати и се очекува да започнат напролет. Инаку проектот за свлечиштето е на УНДП, кој има уште три дополнителни проекти во Тетово-за населено место Бозовце, Шипковица и Порој, информираа од Општина Тетово.
Во април 2021 во време на претходното раководство на Општината, патот беше целосно затрупан поради градежни работи на свлечиштето кај хидроцентралата.
Ново на Сител
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто