-->
-->
Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица
-->
– Одрони го попречуваат движењето на патот Делчево – Македонска Каменица. Одроните се најзабележителни на потегот од село Илиово до село Луковица каде дел од нив ги пробиле заштитните мрежи и го отежнуваат движењето на сообраќајот во тој дел од патниот правец А3 кој води од Делчево до Македонска Каменица.
Како што информираат од Јавното претпријатие Македонија пат екипи се веќе на терен и го расчистуваат теренот.
– На местото каде се забележливи наголем дел од одроните е поставена соодветно известување, но сепак, апелираме на претпазливост и внимателно возење од страна на возачите. Нашите екипи се на терен и работат на расчистување на одроните, велат од ЈП „Македонија пат“.
Освен одроните на одреден дел од патниот правец Делчево – Македонска Каменица се вршат и ситни градежни работи од страна на градежното претпријатие Гранит. Од претпријатието имаат поставено соодветна сообраќајна сигнализација која ги известува возачите да ја приспособат брзината на движење на овој патен правец.вс/лв/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор