-->
-->
Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица
-->
Топењето на снегот ја зголеми појавата на одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица кои на делови од магистралниот пат го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.
Појавата на одрони е најизразена на потегот од патот кој скршнува до селото Драмче до местото викано Баткова чешма. Видни одрони се забележливи и на потегот од селото Илиово до селото Луковица.
Од „Македонија пат“ информираат дека дежурни екипи се на терен и работат на расчистување на одроните.
– Ги известуваме возачите дека поради топењето на снегот има појава на одрони на неколку делници од магистралниот пат А3. Критичните места се воочени од наши екипи кои работат на санирање на состојбата. Препорачуваме на гореспоменатите делници сепак да се вози внимателно се до целосно расчистување, велат од „Македонија пат“ – Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра